• сабота, 18 мај 2024

Шкендија ремизираше против украински Динамо Киев

Шкендија ремизираше против украински Динамо Киев

 

Белек, 9 февруари 2024 (МИА) – Фудбалерите на тетовска Шкендија со реми 1-1 (1-0) против украинскиот гигант Динамо Киев ги заврши денеска подготовките во Турција пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Македонскиот прволигаш дојде во водство на дуелот одигран во Белек со голот на Аденис Шала во 26 минута.

Шеснаесеткратниот украински првак го израмни резултатот по еден час игра со голот на Владислав Ванат.

Шкендија го заврши есенскиот дел од сезоната во ПМФЛ на третото место, заостанувајќи четири бодови зад лидерот Струга, а во воведниот натпревар од продолжението на сезоната, на 18 февруари. тетовскиот прволигаш ѝ гостува на Македонија Ѓорче Петров. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан