• среда, 26 јуни 2024

Англичаните стравуваат пред Европското: Хари Кејн е повреден

Англичаните стравуваат пред Европското: Хари Кејн е повреден

Минхен, 17 мај 2024 (МИА) - Фудбалската репрезентација на Англија, како и обично, со големи надежи заминува на Европското првенство. Веројатно секогаш „трите лава“ оделе на меѓународни натпревари под притисок на очите и гладните амбиции на цела нација, за која се освен злато е рамно на неуспех.

Мора да се признае, тие ретко го оправдуваа самоуверениот однос на теренот, а никој не би бил изненаден доколку избраниците на Герет Саутгејт неочекувано испаднат од аутсајдерот во четвртфиналето. Несреќните островјани сега имаат уште повеќе грижи, бидејќи нивниот најдобар играч Хари Кејн е под знак прашалник.

Напаѓачот на Баерн Минхен се чини дека веќе некое време се мачеше со повреда, а неговата состојба делумно ја откри стратегот на баварците, Томас Тухел.

-Хари (Кејн) се лекува кај неговиот личен лекар. Не може да патува. Тој веќе беше на граница на повреда во Мадрид. Имаше целосна блокада во грбот, се влоши и му пречи на секојдневните движења, изјави Тухел на прес-конференцијата пред натпреварот во Хофенхајм.

Воопшто не звучи наивно, а вистинската сериозност на повредата ќе се дознае во наредниот период.

За потсетување, Европското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули низ цела Германија. Англиската репрезентација ќе игра во група со Србија, Словенија и Данска. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан