• вторник, 11 јуни 2024

Алаба ќе биде опериран, го пропушта ЕП 2024

Алаба ќе биде опериран, го пропушта ЕП 2024

Мадрид, 17 мај 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Австрија, Давид Алаба ќе биде опериран на левото колено, пренесува шпанскиот весник „Марка“.

Алаба е надвор од терените од декември со скинати вкрстени лигаменти на коленото и се очекува постапката да го одложи неговото закрепнување за уште две недели, пишува весникот.

Австриските медиуми се децидни дека Алаба нема да биде вклучен во составот за ЕП 2024. Селекторот Ралф Рангник мора да го објави составот за пријателските натпревари против Србија на 4 јуни и против Швајцарија четири дена подоцна.

Селекцијата на Австрија го започнува учеството на Европското првенство со натпреварот против селекцијата на Франција на 17 јуни.

Во групата на тимот се и Полска и Холандија. дс

Фото: Архива

Остани поврзан