• недела, 09 јуни 2024

Алкалоид го совлада Вардар и се пласираше во финалето на ракометниот Куп на Македонија

Алкалоид го совлада Вардар и се пласираше во финалето на ракометниот Куп на Македонија

Скопје, 17 мај 2024 (МИА) - Ракометарите на Алкалоид се пласираа во финалето на Купот на Македонија, откако го совладаа Вардар со 25:24 (15-13) во натпревар кој се одигра во СЦ „Борис Трајковски“.

Мечот беше неизвесен и никој од двата противници не направи повеќе од 3 гола разлика.  

Во последните секунди од регуларниот дел од мечот, при резултат 25:24 Вардар имаше пенал, меѓутоа Галевски со прекрасна интервенција го израдува тимот предводен од Кире Лазаров.

За Алкалоид ова е историско финале во Купот, а таму ќе игра против Пелистер.

Дуелот е закажан во недела од 19:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“. дс

Фото: РФМ

Остани поврзан