• петок, 17 мај 2024

Швјонтек: Сакам Свитолина да го освои Вимблдон

Швјонтек: Сакам Свитолина да го освои Вимблдон

Лондон, 12 јули 2023 (МИА) – Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ига Швјонтек посака  Украинката Елина Свитолина да го освои Вимблдон 2023.

 

Швјонтек вчера загуби од Свитолина во четвртфиналето на турнирот со резултат 5:7, 7:6 (7:5) и 2:6.

 

- Мислам дека ако ја погледнете нејзината кариера како целина, освојувањето на Грен слем би било многу кул за неа. Таа се враќа по раѓањето на детето. Ќе навивам за неа, особено што се сакаме како луѓе. Преку социјалните мрежи и кажав дека се надевам на нејзината победа на овој турнир. Знаете колку е тешко да се освои Слем, но знам дека таа навистина го сака. Ќе навивам за неа, рече Швјонтек на прес-конференција.

 

Дваесет и осумгодишната Свитолина, девет месеци по раѓањето на нејзината ќерка се пласираше во полуфиналето на Вимблдон и ќе се врати меѓу првите 30 на светската ранг-листа.

 

Свитолина по трет пат ќе игра во полуфинале на Грен слем. Таа за првото финале на турнирот во кариерата ќе се бори со Маркета Вондрушова од Чешка. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан