• сабота, 18 мај 2024

ЦУК: Паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ во Автокоманда 

ЦУК: Паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ во Автокоманда 

Скопје, 10 мај 2024 (МИА) - Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) синоќа е добиена пријава за паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ близу паркингот на влезот на фабриката „Железара и Железарија Јоле“ во населбата Автокоманда.

Од ЦУК денеска соопштија дека веднаш по добиената информација Секторот за операции и координација ги известил Министерството за внатрешни работи  и ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје, коишто испратиле екипи и интервенирале во отстранување на паднатото дрво.лв/ 

фото: ЦУК

Остани поврзан