• сабота, 18 мај 2024

Црвен крст Неготино почна со нов циклус за промоција на хумани вредности 

Црвен крст Неготино почна со нов циклус за промоција на хумани вредности 

Неготино, 12 февруари 2024 (МИА) - Црвен крст Неготино започна со нов циклус од програмата Црвен крст во акција, промоција на хумани вредности, информираше попладнево секретарот Тошко Настов.  

- Денеска се одржа првата работилница во просториите на Црвен крст на која присуствуваа четириесетина младинци. Оваа година ПХВ дисеминатор е Трајанка Дилберова, соопшти Настов. 

Тој појасни дека станува збор за програма, што повеќе од 20  години претставува национална алатка за регрутирање и задржување на волонтери на возраст од 13 до 17 години во Црвениот крст. 
 
- Во 2024 година, програмата ќе се имплементира во 32 општински организации на Црвениот крст, ќе бидат  обучени 1.200 младинци на возраст од 13 до 17 години, 40 дисеминатори и 11 ПХВ ментори ќе дадат поддршка за реализиција на програматa, рече Настов. 

Тој нагласи дека младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, за културата како систем од вредности и како да изработуваат мали проекти за помош во заедницата,  ја менуваат својата дневна рутина, поминуваат време во истражувања, активности, промоции, разговори со целните групи, тимска работа со цел изработка на мали проекти и помош на лицата кои се таргетирани од нивна страна.  

Настов соопшти дека во текот на една година се изработуваат околу 130 мали проекти, се вложуваат повеќе од 25 000 волонтерски часа во заедницата, се помага на околу 2 500 лица, 
се собираат повеќе од 25 000 евра од заедницата, што се враќаат во заедницата. свд/aa/

Фото: Црвен крст Неготино 

Остани поврзан