• петок, 17 мај 2024

Филип Недев освои прво место во кати за деца на европскиот шампионат во традиционални карате

Филип Недев освои прво место во кати за деца на европскиот шампионат во традиционални карате

Ново Место, 29 октомври 2023 (МИА) - Филип Недев освои прво место во кати за деца од 8-9 години на европскиот шампионат во традиционални карате во Ново Место, Словенија.

Од македонските каратисти кои учествуваа на овој шампионат со бронзен медал се закитија Матеј Мангаровски во кадети и Максим Поп Трпев во кати за деца од 6-7 години. 

Камелија Недев за малку и побегна медал и го освои четвртото место во кати. 

На првенството во Словенија учествуваат 600 натпреварувачи од 20 држави. зс/

Остани поврзан