• четврток, 13 јуни 2024

Тепачка во италијанскиот Парламент поради закон за автономија на региони

Тепачка во италијанскиот Парламент поради закон за автономија на региони

Рим, 13 јуни 2024 (МИА) - Опозициски пратеник мораше да биде изнесен со количка од италијанскиот Парламент синоќа по расправија и тепачка за време на дебатата за поголема регионална автономија. Леонардо Доно од популистичкото Движење пет ѕвезди бил турнат и соборен на подот од други пратеници во хаотични сцени во Долниот дом на парламентот, објавија италијанските медиуми.

Дебатата беше за законот за таканаречена диференцирана автономија на регионите предложен од десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони. Законот им дава на регионите поголеми овластувања, на што опозицијата се противи.

Кога пред еден месец се расправаше во Сенатот, имаше вербални пресметки меѓу претставници. Но, сега опозициските парламентарци од Претставничкиот дом вееја италијански знамиња и ја пееја националната химна.
Кога Доно се обиде да му го даде знамето на министерот за регионална администрација, неколку пратеници се упатија кон него и почнаа туркање. претседателот на Домот ја прекина седницата и најави дека за можните мерки ќе одлучи кога ќе ја прегледа снимката. Говорејќи за локални телевизии Доно рече дека е во болница и чека да биде прегледан од лекарите откако „добил многу удари“.зш/

Остани поврзан