• понеделник, 23 декември 2024

Пашинјан: Ниту еден претставник на ерменските власти нема да ја посети Белорусија, додека Лукашенко е претседател

Пашинјан: Ниту еден претставник на ерменските власти нема да ја посети Белорусија, додека Лукашенко е претседател

Ереван, 13 јуни 2024 (МИА) - Ниту еден претставник на ерменските власти нема да ја посети Белорусија додека Александар Лукашенко е претседател, изјави денеска ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

Тој вчера рече дека Ерменија ќе ја напушти Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), откако ги обвини членките на блокот предводен од Русија, во кој е вклучена Белорусија, дека се вклучени во планирањето на војната на Азербејџан против неговата земја.

Минатиот месец Лукашенко беше во државна посета на Азербејџан.

Пашинјан утрово изјави дека за време на неговата посета на Баку минатиот месец, Лукашенко изјавил дека бил вклучен во подготовката на војната против Ерменија во 2020 година и дека посакува победа на Азербејџан.

Ерменија денеска го повика својот амбасадор во Белорусија, Размик Кумарјан, во Ереван на консултации. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан