• сабота, 22 јуни 2024

Папата Франциск во рамки на Самитот на Г7 ќе се сретне со Бајден, Зеленски, Макрон и Ердоган

Папата Франциск во рамки на Самитот на Г7 ќе се сретне со Бајден, Зеленски, Макрон и Ердоган

Рим, 13 јуни 2024 (МИА) - Папата Франциск во рамки на Самитот на Г7 во јужното италијанско одморалиште Борго Ењација ќе одржи десет билатерални состаноци по учеството на состанокот за вештачка интелигенција, соопшти денеска Ватикан.

Ова вклучува средби со американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

По пристигнувањето, папата ќе биде пречекан од италијанската премиерка Џорџа Мелони. Тоа ќе биде прво во историјата присуство на римокатолички поглавар на работен состанок на Г7. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан