Блинкен: Наскоро ќе продолжат преговорите за прекин на огнот во Газа
- Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека разговорите за прекин на огнот во Газа би можеле да продолжат во текот на наредните денови, јави Анадолија.

Доха, 24 октомври 2024 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека разговорите за прекин на огнот во Газа би можеле да продолжат во текот на наредните денови, јави Анадолија.
Говорејќи на прес-конференција во Доха со катарскиот премиер Мохамед бин Абделрахман ал Тани, Блинкен рече дека преговарачите од Газа ќе се сретнат наскоро.
- Разговаравме за опциите да го искористиме овој момент и следните чекори за придвижување на процесот и очекувам нашите преговарачи да се состанат во наредните денови, додаде Блинкен.
Американскиот дипломат рече дека Вашингтон „се спротивставува на секој обид да се наметне опсада и да се изгладнуваат жителите на Газа“.
Тој најави дополнителни 135 милиони американски долари хуманитарна помош за палестинската енклава.