• сабота, 22 јуни 2024

Орбан: Неприфатлива и срамна е одлуката на Европскиот суд на правдата да ја казни Унгарија

Орбан: Неприфатлива и срамна е одлуката на Европскиот суд на правдата да ја казни Унгарија

Будимпешта, 13 јуни 2024 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека денешната одлука на Европскиот суд на правдата да ја казни Унгарија во износ од 200 милиони евра и дополнителни милиони евра дневно поради миграциската политика е срамна и неприфатлива.

Орбан во објава на платформата „Икс“ тврди дека Унгарија е казнета поради, како што наведе, бранењето на границите на ЕУ.

„Се чини дека илегалните мигранти им се поважни на бриселските бирократи отколку европските граѓани“, рече Орбан.

Унгарија ќе мора да плати казна од 200 милиони евра затоа што не ги спроведува промените во политиката за третман на мигрантите и барателите на азил, објави денеска највисокиот суд на ЕУ, Европскиот суд на правдата. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан