• сабота, 18 мај 2024

Спортиталија: Милан би можел да го отпушти Пиоли на лето, Конте е единствениот кандидат за негова замена

Спортиталија: Милан би можел да го отпушти Пиоли на лето, Конте е единствениот кандидат за негова замена

Милано, 4 јануари 2024 (МИА) - Милан може да го отпушти Стефано Пиоли по завршувањето на сезоната. Според „Sportitalia“, Антонио Конте е единствениот тренер кој Милан размислува да го назначи на местото на Пиоли.

Претходно имаше шпекулации дека Пиоли веќе е на прагот на отказ, со оглед на нестабилните резултати на Милан и елиминацијата од Лигата на шампионите. Сепак, во последните недели тренерот ја промени ситуацијата. Тој најверојатно ќе остане во Милан до крајот на сезоната, но неговата иднина останува неизвесна.

Единствен кандидат да го замени Пиоли, на кој размислува сопственикот на Милан, Гери Кардинале, е Конте, бидејќи Роберто Де Зерби не е подготвен да го напушти Брајтон, а назначувањето на Тиаго Мота од Болоња се смета за премногу ризичен потег.

Конте претходно работеше во Јувентус и во Интер. Двата клуба ја освоија Серија А под негово водство.

Во моментов Милан се наоѓа на 3. место на табелата во Серија А. Заостанувањето од Јувентус е седум бодови, од Интер девет. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан