• понеделник, 21 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Скопје, 22 септември 2023 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови од земјата повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Скопје сончево и топло време со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 33 степени.

Според прогнозата на УХМР,  во  следните два дена времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината.

-Во недела ќе настапи поголема промена на времето, кога под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени. Дополнително опаѓање на температурите ќе има и од понеделник, најавува УХМР. хс/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан