• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

15 август 2025 

Штип - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД, Анџела Агелер ќе ги посетат припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група и ќе присуствуваат на презентацијата на новите 29 лесни оклопни возила - JLTV. (Касарна „Јане Сандански“ - Штип/10:00, предвидени се изјави за медиумите, пристигнување на медиумите на влезот во касарната/9:40)

Скопје - Собраниска делегација во состав: Иванка Василевска, Сања Лукаревска и Даниела Белимова, по повод одбележувањето на 18 Август - Ден на Армијата, ќе положи свежо цвеќе на Споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните и на вечните почивалишта на претседателот Борис Трајковски, генералот Михаило Апостолски и претседателот Киро Глигоров. (Гробишта Бутел/7:30)

Охрид - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ќе го посети ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид, при што ќе присуствува и на порибувањето на Охридско Езеро. (изјава за медиуми 10:30)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 21-та седница. (https://zoom.us/j/97616509500?pwd=qB01um4tXT6PTgo4aKnBt79n4fNdsC.1/12:00)

Скопје - Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година ќе одржи јавна дискусија. (Сала на Советот на Град Скопје, барака број 13/9:00) 

Скопје - Прес-конференција по повод претстојниот концерт на NICK CAVE при турнејата NICK CAVE SOLO. (ROOSTY, Тафталиџе, бул. „Партизански Одреди“ 89/13:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Од чета до армија“ на Бојан Трпевски. (Музеј на македонската борба за самостојност/19:00)

Охрид - 37. Поетска ноќ во Велестово со поетски портрет на Андреј Ал-Асади. (с. Велестово/21:00)

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан