• сабота, 18 мај 2024

Романецот Драгушин во Тотенхем до 2030

Романецот Драгушин во Тотенхем до 2030

Лондон, 12 јануари 2024 (МИА) – Досегашниот фудбалер на Рома, Раду Драгушин, потпиша договор со Тотенхем до 2030 година, јавија синоќа англиските медиуми, посочувајќи оти трансферот на 21-годишниот романски репрезентативец изнесува 25 милиони евра, плус дополнителни шест милиони евра во бонуси.

За Драгушин беа заинтересирани и Баерн Минхен и Наполи.

Романскиот дефанзивец оваа сезона беше стартер на сите натпревари на Џенова во италијанското првенство.

Драгушин е второ засилување на Тотенхем во јануарскиот преоден рок по Тимо Вернер кој дојде во редовите на лондонскиот премиерлигаш од градскиот ривал Челзи како позајмен фудбалер до крајот на сезоната. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан