• петок, 17 мај 2024

Реал три недели без повредениот Белингем

Реал три недели без повредениот Белингем

 

Мадрид, 11 февруари 2024 (МИА) – Актуелниот лидер во шпанското фудбалско првенство Реал Мадрид се очекува до крајот на овој месец да биде без услугите на Џад Белингем, откако денеска е потврдено дека англискиот репрезентативец ќе отсуствува од теренот по повредата на вчерашниот натпревар против Жирона (4-0).

Белингем беше двоен стрелец на дуелот против каталонскиот противник пред да ја напушти играта во 57 минута.

Реал денеска не прецизираше колку долго од теренот ќе отсуствува Белингем, а според шпанските медиуми, неговата рехабилитација ќе трае околу три недели.

„По извршените тестирања кои ги спроведе нашиот медицински тим констатирано е дека Џад Белингем го повреди зглобот и ќе мора да мирува“, се наведува во клупското соопштение.

Реал со вчерашниот триумф ја зголеми предноста пред второпласираната Жирона на пет бодови, а составот на Карло Анчелоти во вторник го очекува првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони против Лајпциг на гостински терен.

Според шпанските медиуми, Белингем би требало да биде подготвен за реваншот против германскиот клуб на 6. март во Мадрид. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан