• сабота, 08 јуни 2024

Дешан ги избра „петлите“, големо изненадување во составот на Франција за ЕП 2024

Дешан ги избра „петлите“, големо изненадување во составот на Франција за ЕП 2024

Париз, 16 мај 2024 (МИА) - Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешан го објави списокот од 25 играчи за претстојното Европско првенство во Германија.

Во тимот се враќа играчот на саудиски Ал-Итихад, Н'Голо Канте, кој последен пат играше за Франција во јуни 2022 година и го пропушти Светското првенство во Катар во 2022 година.

Дешан избра 25 играчи кои ќе ги повикаа за ЕП 2024.

Составот на Франција:

Голмани: Алфонс Ареола, Мајк Менијан, Брајс Самба;

Дефанзивци: Џонатан Клаус, Тео Хернандез, Ибрахима Конате, Жил Кунде, Ферланд Менди, Бенџамин Павард, Вилијам Салиба, Дајо Упамекано;

Среден ред: Едуардо Камавинга, Јусеф Фофана, Антоан Гризман, Н'Голо Канте, Адриен Рабиот, Орелиен Чуамени, Ворен Заир-Емери;

Напаѓачи: Бредли Баркола, Кингсли Коман, Усман Дембеле, Оливие Жиру, Рандал Коло Муани, Килијан Мбапе, Маркус Турам. дс

Фото: Архива

Остани поврзан