• сабота, 08 јуни 2024

Реал сака да го претстави Мбапе пред ЕП 2024

Реал сака да го претстави Мбапе пред ЕП 2024

Мадрид, 16 мај 2024 (МИА) - Реал Мадрид сака официјално да го претстави Килијан Мбапе пред почетокот на Европското првенство во Германија кое започнува на 14 јуни, пренесе мадридскиот спортски весник „Марка“.

Шпанскиот шампион се обидува да добие дозвола од сегашниот клуб на францускиот репрезентативец Пари Сен Жермен за претходен трансфер, бидејќи актуелниот договор на 25-годишниот Мбапе истекува на 30 јуни. 14-кратниот европски клупски шампион планира да одржи церемонија за потпишување на Французинот меѓу 3 и 9 јуни.

Килијан Мбапе најави заминување од францускиот шампион како слободен играч на 10 мај.

Во сезоната 2023-2024, напаѓачот постигна 44 гола и направи 10 асистенции во 47 натпревари со парискиот тим во сите натпреварувања.  дс

Фото: Архива

Остани поврзан