• сабота, 29 јуни 2024

Тен Хаг им се заблагодари на навивачите: Ќе дадеме се од себе за да го освоиме ФА Купот

Тен Хаг им се заблагодари на навивачите: Ќе дадеме се од себе за да го освоиме ФА Купот

Манчестер, 16 мај 2024 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг изјави дека неговите играчи ќе дадат се од себе за да го освојат англискиот ФА Куп, пренесуваат британските медиуми.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа на „Олд Трафорд“ го победија Њукасл со 3:2 во меч од 34. коло на Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ во моментов се на осмото место на табелата со 57 бодови. Тен Хаг им се обрати на навивачите на Манчестер Јунајтед по натпреварот со Њукасл.

-Сакам да ви се заблагодарам за поддршката во текот на целата сезона. Оваа сезона не беше лесна. Една работа е константна, а тоа е вашата поддршка. Ова сè уште не е завршено. Одиме во Брајтон, а потоа на „Вембли“. Ветувам дека овие фудбалерите ќе дадат се од себе за да го донесат трофејот на „Олд Трафорд“, изјави Тен Хаг.

Финалето на ФА Купот е закажано за 25 мај на „Вембли“, а ќе се сретнат Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. дс

Фото: Архива

Остани поврзан