• сабота, 18 мај 2024

Проекција на филмот „1000 години сведок на светлината“ на Илија Ико Каров во Рим

Проекција на филмот „1000 години сведок на светлината“ на Илија Ико Каров во Рим

Скопје, 14 февруари 2023 (МИА) - Филмот „1000 години сведок на светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир, во режија на Илија Ико Каров денеска ќе биде емитуван во Понтификалниот институт за ориентални студии во Рим.

Филмот ја доживеа својата гала премиера во салата на Македонскиот народен театар во април 2022 година, а денеска на иницијатива на македонската амбасадорка во Ватикан Марија Ефремова, а под покровителство на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, ќе биде проектиран во Институтот при Светата Столица.

Целта на оваа свечена проекција е да се истакне убавината и богатствто на македонското духовно и културно наследство, кое повеќе од илјада години во континуитет се негува во Бигорскиот манастир. мс/сп/

Остани поврзан