• сабота, 18 мај 2024

Познат составот на македонската ракометна репрезентација за натпреварот со Луксембург

Познат составот на македонската ракометна репрезентација за натпреварот со Луксембург

Луксембург, 26 април 2023 (МИА) – Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, одлучи со кои 16-мина ќе се спротивстави вечер (почеток 20:15 часот) на Луксембург.

 

Во изборот на Лазаров се најдоа: Никола Митревски и Марко Кизиќ (голмани), Игор Ѓорѓиев, Марко Митев, Филип Талески, Никола Маркоски, Филип Кузмановски, Ненад Костески, Гоце Георгиевски, Михајло Младеновиќ, Жарко Пешевски, Томислав Јагуриновски, Михаил Аларов, Петар Атанасиевиќ и Мартин Серафимов.

 

Овој натпревар е од претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство 2024. Победа на „црвено-жолтите“ против Луксембург ќе значи голем исчекор кон обезбедување учество на ЕП 2024 во Германија. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан