• петок, 17 мај 2024

ОЦХА: Отстранувањето на експлозивните направи во Појасот Газа ќе трае 14 години

ОЦХА: Отстранувањето на експлозивните направи во Појасот Газа ќе трае 14 години

Њујорк, 30 април 2024 (МИА) – Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) соопшти дека отстранувањето на бомбите и другите видови неексплодирани смртоносни средства во Појасот Газа може да потрае 14 години.

Според процените на ОН, за време на војната во Појасот Газа настанати се 37,5 милиони тони урнатини, а поголемиот дел од нив е покриен со бомби и други видови муниција кои не експлодирале.

ОЦХА соопшти дека околу два милиони луѓе или половина од населението на Појасот Газа, нашле засолниште во Рафа, но немаат пристапат до основните потреби како што се здравствена заштита, чиста вода и санитарни објекти. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан