• сабота, 27 јули 2024

Кандидат за градоначалник во Мексико убиен во пукање на предизборен митинг

Кандидат за градоначалник во Мексико убиен во пукање на предизборен митинг

Ла Конкордија, 17 мај 2024 (МИА) - Кандидатот за градоначалник Лусеро Лопез Маза и уште пет лица, меѓу кои една девојка се убиени во пукање на предизборен митинг во градот Ла Конкордија во јужната мексиканска држава Чиапас.

Покрај тоа, ранети се две лица.

„Конфликтот избувна меѓу вооружени цивили за време на политички митинг“, соопшти обвинителството.

Како што е соопштено, не е познато дали Лопез Маза бил цел на нападот, бидејќи улични пукотници се вообичаени во областа.

Чиапас е во близина на границата со Гватемала и е главна рута за шверц на дрога и мигранти, а двата главни нарко картели во Мексико се борат за контрола на областа.

Претходно оваа недела, 11 лица беа убиени во масовно пукање во градот Чикомусело, неколку десетици километри оддалечен од Ла Конкордија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан