• понеделник, 23 декември 2024

Светската програма за храна на ОН ја удвои помошта по отворањето на преминот кон северот на Газа

Светската програма за храна на ОН ја удвои помошта по отворањето на преминот кон северот на Газа

Њујорк, 17 мај 2024 (МИА) - Светската програма за храна на Обединетите нации денеска соопшти дека отворањето на нови копнени патишта и овозможило двојно да ги зголеми операциите за помош во северниот дел на Појасот Газа.

Абир Етефа, портпаролката на агенцијата, сепак, предупреди дека израелскиот упад во градот Рафа на југот на Појасот Газа претставува голем неуспех и поттикнува страв од хуманитарна катастрофа.

Израел отвори втор премин кон север и презеде дополнителни чекори за да дозволи доставување помош под притисок на САД по израелскиот напад во април, во кој загинаа седум работници во добротворната организација „Светска централна кујна“ (World Kitchen Central).

Етефа рече дека ситуацијата на север е подобрена и дека сега работат четири пекари за да обезбедат, но цените се уште се високи на локалниот пазар.

Таа додаде дека е потребна континуирана испорака на храна секој ден, секоја недела преку повеќе влезни точки за да се спречи гладот.

„Ги видовме последиците од продолженото затворање на северот на Газа. И покрај неодамнешното подобрување на пристапот за да се избегне гладување таму, ние сме исто така длабоко загрижени за судбината на стотици илјади луѓе на југот доколку продолжи целосното работење и затворање“, изјави портпаролката на агенцијата на ОН. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан