• недела, 22 декември 2024

„Њујорк тајмс“: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска во Украина за обука на украинските сили

„Њујорк тајмс“: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска во Украина за обука на украинските сили

Вашингтон, 17 мај 2024 (МИА) - НАТО може да испрати воени инструктори во Украина за „брза“ и „квалитетна“ подготовка на украинските сили кои треба да ја одбијат руската офанзива ова лето, објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на извори запознати со ова.

Според нив, украински воени лица сега поминуваат обука во Европа, на полигони за обука во Германија и Полска. Нивното испраќање таму како и нивното враќање преку Лавов и Киев одземало многу време.

Армијата на Украина се соочува со намалена жива сила и недостатокот достигнал „критична точка“, па украински официјални лица побарале од САД и НАТО да помогнат во подготовката на уште 150.000 новобранители.

Пренесувањето на обуката во Украина ќе им дозволи на инструкторите побрзо да собираат информација за новините на линијата на фронтот и на соодветен начин да ја адаптираат програмата за обука, наведуваат изворите за „Њујорк тајмс“.

Ипраќањето инструктори на НАТО во Украина „се чини неизбежно“, истакна началникот на Генералштабот на вооружените сили на САД Чарлс К. Браун помладиот.

Според него, такви дејства сега „би ги ставиле под закана животите на инструкторите“, па украинските сили треба да избираат: да користат средства за противвоздушна одбрана за заштита на војниците на НАТО или на критички важната инфраструктура“.

Но, според него, распоредувањето на обучувачи на НАТО во Украина се чини е неизбежно.

-Евентуално, ќе дојдеме до тоа со текот на времето, изјави тој. 

Дискусијата за испраќање војска на НАТО во Украина првпат ја започна францускиот претседател Емануел Макрон во февруари годинава. На почетокот на мај тој изнесе два услова за тоа - руската армија треба да ја пробие линијата на фронтот, и Киев треба да испрати соодветно барање за помош. Исто така, тој рече дека Париз би бил спремен да испрати војска ако се појави закана Русија да ги заземе Киев и Одеса. 

Иницијативата беше поздравена од украинскиот претседател Володомир Зеленски. кб/сд/

 

Остани поврзан