• понеделник, 22 јули 2024

Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

Тел Авив, 17 мај 2024 (МИА) - Израелската армија пронашла тела на тројца заложници во Појасот Газа, соопшти денеска портпаролот на ИДФ, контраадмирал Даниел Хагари.

Хагари рече дека тоа се Јицак Гелерентер, Амит Бускила и Шани Лук, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој истакна вели дека телата биле пронајдени во операција во текот на ноќта што ја спровеле армијата и Израелската безбедносна агенција Шин Бет.

Тројцата биле на музичкиот фестивал „Супернова“ во близина на кибуцот Реим утрото на 7 октомври, од каде потоа побегнале во областа Мефалсим.

Хагари вели дека таму биле убиени од членови на Хамас, а нивните тела потоа биле префрлени во Газа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан