Ванг Ји пристигна во Кабул на средба со министрите за надворешни работи на Кина, Авганистан и Пакистан
- „Утрово, на 20 август 2025 година, членот на Политбирото на ЦК на Комунистичката партија на Кина и министер за надворешни работи Ванг Ји пристигна во Кабул на посета во Авганистан за учество на шестата средба на министрите за надворешни работи на Кина, Авганистан и Пакистан,“ се наведува во соопштението.
Кабул, 20 август 2025 (МИА) – Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји пристигна во Кабул за да учествува на средбата со министрите за надворешни работи на Авганистан и Пакистан, соопшти кинеското МНР.
„Утрово, на 20 август 2025 година, членот на Политбирото на ЦК на Комунистичката партија на Кина и министер за надворешни работи Ванг Ји пристигна во Кабул на посета во Авганистан за учество на шестата средба на министрите за надворешни работи на Кина, Авганистан и Пакистан,“ се наведува во соопштението.
Вчера портпаролката на кинеското МНР Мао Нинг најави дека Ванг ќе отпатува и во Пакистан на 20–22 август за шестиот круг на кинеско-пакистански стратешки дијалог на ниво министри за надворешни работи. Од 18 до 20 август, Ванг беше во работна посета на Индија. ссм/
фото: архива