Висок член на Бундестагот предвидува улога на германските војници во мировниот процес во Украина
- Висок германски пратеник очекува германски војници да бидат распоредени за да го одржат мирот во случај на траен прекин на огнот меѓу Русија и Украина, јави ДПА.
Берлин, 20 август 2025 (МИА) - Висок германски пратеник очекува германски војници да бидат распоредени за да го одржат мирот во случај на траен прекин на огнот меѓу Русија и Украина, јави ДПА.
Томас Ровекамп, претседател на одборот за одбрана на Бундестагот, рече дека Европејците и Украинците имале лоши искуства со почитувањето на обврските од страна на Русија, поради што е потребно ефикасно воено одвраќање.
-А тоа исто така значи дека германските војници ќе обезбедат во иднина, по склучувањето на мировен договор со Русија, мирот да се одржува засекогаш, рече Ровекамп.
Ровекамп ги спомена логистичката помош, обуката на украинските војници и воздушната одбрана како примери за видот поддршка што Бундесверот би можел да ја обезбеди.
-Во Бундесверот имаме цела низа воени капацитети што можат да обезбедат траен мир во Украина, рече претседателот на комисијата.
За Украинците, прашањето за можни безбедносни гаранции од сојузниците е клучна точка во секој потенцијален мировен договор. Недовербата кон Русија е голема по речиси три и пол години војна.
-Станува збор за давање обврзувачка гаранција на Украина, вклучително и воена, дека во случај на нов напад од страна на Русија, Европејците, заедно со американските трупи, се подготвени да го одбијат нападот, рече Ровекамп.
„На крајот на краиштата, никој не сака војна, а најсигурниот начин да се спречи уште една воена конфронтација би бил да се одврати руската армија од таква војна со помош на силно воено присуство, додаде тој. мс/
фото: ДПА