• четврток, 26 март 2026

Русија тврди дека уништила украинско нафтено складиште на Дунав

Русија тврди дека уништила украинско нафтено складиште на Дунав

Москва, 20 август 2025 (МИА) - Руските сили во текот на ноќта извршија масовен напад со ракети и дронови врз нафтениот терминал „Тритон“ кај пристаништето Измаил, во близина на украинско-румунската граница.

Според руски извори, во моментот на ударот гориво се преточувало од танкерот „Екселион“ што пристигнал од Романија. Погодени биле резервоари со капацитет од неколку илјади кубни метри дизел и керозин, пумпни станици и трансформаторска инфраструктура. Два големи резервоара се целосно уништени, а третиот сериозно оштетен, што предизвикало силни експлозии и пожар кој достигнал температури над 900 степени.

Танкерот, кој бил целосно натоварен, исто така бил оштетен во нападот. Русија тврди дека складиштето „Тритон“ е клучно за снабдување на украинските вооружени сили со гориво преку делтата на Дунав.

Од украинска страна засега нема потврда за обемот на штетите, а независна верификација на информациите не е возможна. ссм/

фото: Итна служба на Украина

Остани поврзан