• сабота, 18 мај 2024

Најмалку шест лица уапсени во голема полициска акција за апсење криумчари на мигранти

Најмалку шест лица уапсени во голема полициска акција за апсење криумчари на мигранти
Скопје, 2 јуни 2021 (МИА) - Најмалку шест лица се уапсени во големата акција за апсење криумчари на мигранти, што денеска ја спроведува полицијата. Во акцијата, како што велат извори од истрагата, разбиена е организирана група. Акцијата за разбивање на група на криумчари на мигранти се спроведува во Скопје, Штип, Велес, и Валандово. Според изворите од истрагата кај криумчарите е пронајдена и дрога. Од МВР потврдуваат дека во тек е акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување. ац/дма/

Остани поврзан