• петок, 17 мај 2024

Промоција на романот „Увозникот на бели ноќи“ од Трајче Кацаров

Промоција на романот „Увозникот на бели ноќи“ од Трајче Кацаров

Скопје, 19 мај 2023 (МИА) - Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска ќе биде промовиран новиот роман на Трајче Кацаров, насловен „Увозникот на бели ноќи“.

-На страниците од своето најново прозно дело авторот прави мозаик на ретко возбудливи настани што се случуваат во нашата средина. Романескната структура е проткаена со комични и хумористични елементи, привлечни за широк круг на читатели, соопшти издавачката куќа „Матица македонска“.

Книгата ќе ја промовираат Христо Петревски и Марина Мијаковска, а извадоци од изданието ќе читаат Луна Миќевиќ и Кристијан Петковски.

-Трајче Кацаров е автор на богат прозен, поетски и драмски опус, за кој е добитник на значајни национални книжевни награди, меѓу кои и на наградите Рациново признание, Григор Прличев, Прозни мајстори и др. Негови дела се преведени на повеќе странски јазици, соопшти издавачот. хс/ац/

Остани поврзан