• вторник, 16 април 2024

Облачно со дожд, температурата до 14 степени

Облачно со дожд, температурата до 14 степени

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде претежно облачно, со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови (над 25 л/м2). Ќе дува слаб до умерен, а наместа во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 14 степени.

Според УХМР, за време на викендот времето ќе биде претежно стабилно и со постепен пораст на дневната температура. Во сабота ќе има услови за слаб локален дожд, а во недела ќе биде сончево и релативно топло. Нови врнежи се очекуваат во почетокот на следната седмица. мч/са/

фото: МИА архива

Остани поврзан