• сабота, 21 декември 2024

МД „Илинден" ќе учествува на Конгресот на ФУЕН што ќе се одржи во Хусум, Германија 

МД „Илинден

Дебар, 23 јули 2024 (МИА) - Македонското друштво „Илинден"-Тирана, ќе учествува на Конгресот на Федералната Унија на европски националности (ФУЕН) ќе се одржи од 19 до 22 септември во Хусум, Германија.

- Изминатите девет години, од кога сме рамноправна членка на ФУЕН редовно учествува на сите конгреси и други активности. Ќе учествуваме и на овој конгрес чиј домаќин ќе биде организацијата  на Севернофризите, информираше Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото „Илинден".

Според него, ФУЕН годинава одбележува 75 години постоење,  и понатаму „останува главен застапник за правата на малцинствата во Европа".

- Значи, оваа прослава, како што е нашата заедничка констатација, нека биде не само за она што го ФУЕН го постигна за 75 години, туку и за она што треба да се постигне за да се гарантира заштитата и промоцијата на малцинските јазици и култури во Европа, и да ја искористиме истрајноста на севернофризите како инспирација за тоа, посочи Ѓурѓај.

Македонско друштво „Илинден” од Тирана е член на ФУЕН од 16. мај 2015 година и дел од Работната група на словенските малцинства при унијата. вт/дма/

Фото:плакат

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан