• четврток, 09 април 2026

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот, соопштија попладнево од Управата за хидрометеоролошки работи.

Како што најавија синоптичарите, утринската температура утре и во сабота наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви. Ќе дува умерен, повремено засилен, северозападен ветер, поизразен долж Повардарието.

Од сабота се очекува да дува југоисточен ветер што во понеделник и вторник, долж Повардарието ќе достигнува брзина од 60 километри на час. Според најавеното, во петок ноќта кон сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Во вторник во западните делови и во среда на повеќе места ќе има локален дожд и појава на грмежи. бд/вг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан