Убиство во Гостиварско, застрелан жител на Дебреше
- Помлад жител на гостиварското село Дебреше попладнево бил застрелан од огнено оружје и починал од здобиените повреди. Од СВР Тетово потврдија дека кај нив има таква пријава и полициски службеници се на терен и според првичните сознанија, станува збор за убиство.

Гостивар, 23 јули 2024 (МИА) - Помлад жител на гостиварското село Дебреше попладнево бил застрелан од огнено оружје и починал од здобиените повреди. Од СВР Тетово потврдија дека кај нив има таква пријава и полициски службеници се на терен и според првичните сознанија, станува збор за убиство.
За случајот ќе има повеќе информации откако ќе завршат увидот и прибирањето на траги и материјали кои треба да помогнат во расветлување на настанот. згм/ев/
ФОТО: МИА Архива