Муцунски во работна посета на Австрија
- Во рамки на посетата, Муцунски, како што соопшти неговиот Кабинет, ќе оствари билатерална средба со министерот за европски и надворешни работи, Александар Шаленберг, на која ќе бидат разгледани можностите за унапредување на билатералните односи, со посебен фокус на економската соработка и бизнис релациите. Воедно, ќе стане збор и за нашиот процес за интегрирање во Европската унија.

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, ќе престојува во работна посета на Австрија.
Во рамки на посетата, Муцунски, како што соопшти неговиот Кабинет, ќе оствари билатерална средба со министерот за европски и надворешни работи, Александар Шаленберг, на која ќе бидат разгледани можностите за унапредување на билатералните односи, со посебен фокус на економската соработка и бизнис релациите. Воедно, ќе стане збор и за нашиот процес за интегрирање во Европската унија.
За време на посетата, Муцунски ќе се сретне и со претставници од нашата дијаспора во Австрија. дма/ев/
Фото:МНР