• недела, 19 мај 2024

Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија

Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија

Берлин, 29 март 2024 (МИА) – Најмалку 21 човек се повредени откако автобус излета од патот и се преврти во германската западна провинција Северна Рајна-Вестфалија.

Во автобусот имало околу 60 патници односно средношколци од градот Варбург, кои се враќале од посета на Англија.

Еден од патниците е потешко повреден, но е вон животна опасност.

Сообраќајната несреќа се случи еден ден откако во близина на градот Лајпциг загинаа четири лица. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан