Ерупција на вулканот Ибу на оддалечениот индонезиски остров Халмахера
- Вулканот Ибу на оддалечениот индонезиски остров Халмахера еруптираше, исфрлајќи облак од сива пепел.
![Ерупција на вулканот Ибу на оддалечениот индонезиски остров Халмахера](https://mia.mk/images/20240519092801_big_730x400_93.webp )
Џакарта, 19 мај 2024 (МИА) - Вулканот Ибу на оддалечениот индонезиски остров Халмахера еруптираше, исфрлајќи облак од сива пепел.
„Вулканот Ибу еруптираше синоќа и исфрли пепел до висина од четири километри“, објави индонезиската агенција за вулкани.
Индонезиските власти потврдија дека почнала евакуацијата на жителите на седум околни села. рп/
Фото: МИА архива