• вторник, 23 јули 2024

Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија

Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија

Киев, 19 мај 2024 (МИА) - Украина ги уништи сите 37 беспилотни летала лансирани синоќа од Русија против цели на многу места во земјата, соопшти украинското воздухопловство.

Во соопштението се наведува дека уништените беспилотни летала „Шахед“ биле насочени кон главниот град Киев и украинските градови Одеса, Миколаив, Суми и Виница, како и цели во регионите Житомир, Черкаси и Херсон. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан