• среда, 25 декември 2024

Израелски професори повикаа на прекин на огнот во Газа поради појава на детска парализа

Израелски професори повикаа на прекин на огнот во Газа поради појава на детска парализа

Газа, 22 јули 2024 (МИА) – Осум израелски професори по медицина повикаа на прекин на огнот во Газа по откривањето на детска парализа во примероците од отпадните води во енклавата, истакнувајќи дека Палестинците и израелските војници се изложени на ризик од детска парализа.

Во написот објавен во израелскиот весник Хаарец, професорите истакнаа дека откривањето на вирусот на полио во Газа „е потсетник дека патогените и токсичната изложеност не познаваат граници“. Полиомиелитисот може да се шири со недели од заразени луѓе кои немаат симптоми. Познати се катастрофалните последици од оваа болест, вклучувајќи парализа, долготрајна инвалидност и смрт“, пренесе Ал Џезира.

Експертите велат дека одговорот на заканата од високо заразниот полиовирус мора да биде координиран и сеопфатен. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан