• среда, 12 јуни 2024

МТФ „Војдан Чернодирнски“ со уште три претстави влегува во завршница

МТФ „Војдан Чернодирнски“ со уште три претстави влегува во завршница

Прилеп, 12 јуни 2024 (МИА) - Со денешните три претстави во официјалната програма, Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп, влегува во својата завршница.

Во богатата денешна програма се и редовната Детска зона од 10 часот на платото пред Градскиот саат,од 11 часот промоцијата на театарска и театролошка литература, а напладне се разговорите на тркалезната маса за синоќешните претстави: „Ало!Ало!“ на театар комедија и „Дупло дно“ на домаќинот, прилескиот народен театар.

Вечер од 17 часот во народниот театар „Војдан Чернодрински“ е претставата Франкештајн“, по мотви од романот на Мери Шели. Од 19,30 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“, ансамблот на  велешкиот театар ќе ја изведе претставата „Едвард втори“, по текст на Сашо Димоски, во режија на Андриј Жолдак, а од 22 часот во прилепскиот театар ќе се игра претставата „Демонот од Дебар маало“ од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска, а во изведба на  штипскиот театар.

Фестивалот завршува в петок на 14 јуни кога ќе биде позната најдобрата претстава, и од жирито и од публиката која за првпат гласа.ем/са/

Фото: МИА

Остани поврзан