Вински музеј и Музеј галерија Кавадарци најавија драмски ораториум „Ваташа“ во спомен на стреланите 12 младинци
- Во чест на одбележувањето на 81 година од стрелањето на 12 Ваташки младинци, Вински музеј за регион Тиквеш - Кавадарци и Музеј Галерија Кавадарци под покровителство на градоначалникот Митко Јанчев и Совет на Општина, вечерва го најавија настанот, промоција на Драмски ораториум „Ваташа“ од драматургот Зоран Пејковски.
![Вински музеј и Музеј галерија Кавадарци најавија драмски ораториум „Ваташа“ во спомен на стреланите 12 младинци](https://mia.mk/images/20240612174415_big_730x400_51.webp )
Кавадарци, 12 јуни 2024 (МИА) - Во чест на одбележувањето на 81 година од стрелањето на 12 Ваташки младинци, Вински музеј за регион Тиквеш - Кавадарци и Музеј Галерија Кавадарци под покровителство на градоначалникот Митко Јанчев и Совет на Општина, вечерва го најавија настанот, промоција на Драмски ораториум „Ваташа“ од драматургот Зоран Пејковски.
- Познати актери ќе изведат драматизација од драмскиот ораториум во сабота во 19 часот во Дом на култура „Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, појаснија од овие две културни установи.
Во недела од 10.30 часот ќе има положување на цвеќе на споменикот на 12 ваташки младинци во месноста Моклиште, како и културно- уметничка програма. свд/мд/
Фото : Фејсбук на Вински музеј Кавадарци