• вторник, 17 септември 2024

Летна акција во Делчево ,,Придонеси за својот град, така придонесуваш и за себе"

Летна акција во Делчево ,,Придонеси за својот град, така придонесуваш и за себе

Делчево, 12 јуни 2024 (МИА) - Младинскиот Совет при Општина Делчево во соработка со Планинарски спортски клуб Голак од Делчево денеска ја спроведе првата летна акција од циклусот Младински активизам. Акцијата како што информираа волонтерите кои учествуваа во денешната акција е насловена ,,Придонеси за својот град, така придонесуваш и за себе".

За Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК ,,Голак" Делчево ова е само дел од заедничките акции, во кои се вклучени и членови на младинската школа од овој спортски клуб.

-Денеска одлучивме да направиме една доброволна општествено корисна работа пребојадисување на градските реквизити во Градскиот парк. Целта е да се обноват реквизитите, со што би се продолжила нивната трајност, истакна Чучуковски.

Додаде дека ваквите акции со младите волонтери се реализираат во континуитет.

-Освен волонтерски акции за бојадисување, досега имаме реализирано и акции за чистење на мини депонии и други еко акции, кои сум сигурен дека ќе продолжат и понатаму, додаде Чучуковски.

Од Младинскиот совет во Делчево најавија продолжување на Младинскиот активизам со повеќе еко акции кои ќе се реализираат во наредниот период. вс/сст/


Фото: МИА
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан