• петок, 22 ноември 2024

Четврти пат суспендиран ДУП-от за блокот 57А во Тетово, Општината чека министерско одобрение за нов

Четврти пат суспендиран ДУП-от за блокот 57А во Тетово, Општината чека министерско одобрение за нов

Тетово, 12 јуни 2024 (МИА) - Советот на Општина Тетово денеска четврти пат изгласа суспензија за детален урбанистички план (ДУП) за урбан блок 57 (57А). Овој ДУП беше донесен во време на претходната градоначалничка, а се однесува на местото на Шумарско-индустрискиот комбинат (ШИК) „Јелак“ каде се предвидени да се градат дваесетина згради за домување и трговски центри. Ваква суспензија за овој блок беше направена во декември 2021 година, 31 март 2023 и 13 октомври 2023 година.

Според претседателот на Советот Бесар Дурмиши, Општина Тетово сè уште подготвува нов детален урбанистички план за оваа локација.

-За новиот план има направено јавна дебата во Советот. Поднесен е новиот ДУП во Министерството за транспорт, чекаме одлука и одобрување од нив, после пак новиот план да се обработи во Сектор за урбанизам и да донесеме одлука Советот да биде во сила, истакна Дурмиши.

Новиот ДУП за блокот беше претставен во октомври 2023 година, а Дурмиши тврди дека наместо 34.494 квадратни метри станбена површина, ќе има 28.500, како и дека со новиот план ќе има 3591 метри квадратни простор за зеленило и рекреација. ас/мд/

фото: МИА архива 

Остани поврзан