• петок, 17 мај 2024

Милан во преговори со Жиру за продолжување на договорот

Милан во преговори со Жиру за продолжување на договорот
Милано, 3 ноември 2022 (МИА) – Раководството на Милан сака да го продолжи договорот со напаѓачот Оливие Жиру. Ова го пренесува инсајдерот Николо Шира на социјалните мрежи. Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, во моментов претставници на „росонерите“ водат прелиминарни преговори за продолжување на договорот со 36-годишниот Французин до 2024 година. Жиру синоќа беше двоен стрелец во победата на Милан над Салцбург со 4:0. Актуелниот договор на фудбалерот со клубот од Милано е до крајот на јуни 2023 година. Жиру му се приклучи на Милан во јули 2021 година и има 55 настапи за клубот, постигнувајќи 22 гола и осум асистенции. зс/

Остани поврзан