• недела, 09 март 2025
МИА Општински пул

7 март 2025

Крива Паланка - Крива Паланка ќе добие нова, атрактивна содржина за развој на туризмот, адреналински парк на Калин Камен што ќе се гради во рамки на најновиот проект на општината од ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

-Потпишан е договорот за најновиот проект „Прекугранична атрактивност – смарт туризам во регионот Ќустендил - Крива Паланка-Невестино“ од ИПА програмата на ЕУ, со кој Општина Крива Паланка ќе гради адреналински парк вреден 280.000 евра. Нашата општина го имплементира проектот во партнерство со: Општина Ќустендил, Центар за развој на третиот Североисточен плански регион, Општина Невестино, Трговско-индустриска комора Ќустендил и Национална установа - Музеј Куманово. Вкупниот буџет на проектот за сите партнери е 975.730 евра од кои за Крива Паланка се предвидени  305.000 евра, за изградба на нова и модернизација на постоечката туристичка инфраструктура - клучни за  развој во наредните години, информираа денеска од службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Струмица - Синоќа околу 2 часот по полноќ изгоре автомобил марка „мерцедес“ во селото Старо Владевци, кај Струмица, информираа од ТППЕ Струмица.

Според информацијата, запалениот автомобил го гаснеле четири пожарникари и едно противпожарно возило.

Скопје - По повод 80 години од основањето на Црвениот крст, на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски му беше врачено јубилејно признание за клучниот придонес на општината во хуманитарните активности на локално ниво. Признанието му беше доделено на свечена церемонија, која ја организираше Црвениот крст на Општинската организација Центар.

„Ова е потврда за нашето цврсто партнерство со Црвениот крст и заедничката посветеност кон подобрување на животот на нашите сограѓани“, истакна Герасимовски, заблагодарувајќи се за добиеното признание.

Штип - Национална конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место ќе се одржи денеска во Штип.

Како што информираат организаторите на настанот, на конференцијата ќе бидат разгледани важни прашања за родовата еднаквост и дискриминацијата на работното место.

Остани поврзан