• сабота, 08 март 2025
МИА Флеш

    6 март 2025

 

 

Скопје - Ја имате нашата поддршка и понатаму да истраете на евроинтегративниот пат и да ги решите препреките, добро е да се оствари сојузништво во рамки на НАТО и ЕУ, истакна претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ на денешната заедничка прес-конференција со претседателот на македонското Собрание Африм Гаши.

- Да се оствари уште подлабоко партнерство и пријатлество меѓу нашите земји што е добро за двата наши народа. Вие знаете, ги потврдувам зборовите на претседателот Гаши дека Република Хвратска е силен поддржувач на Република Северна Македонија. Знам дека се соочувате со проблеми. Знам дека вашето членство во НАТО беше исплнето со препреки, и дека се уште се соочувате со одредени препреки кон патот на ЕУ. Можам да кажам дека членството во ЕУ има геополитичко значење. Тоа донесува сигурност. Се разбира, на тој пат вашата земја ќе мора да помине низ процес на реформи што е добро затоа што и Хрватска го помина тоа, рече Јандроковиќ.

Скопје – Пријателството меѓу Хрватска и  Македонија е многу силно и тоа го чувствувам на секој чекор. Тоа трае многу подолго од 33 години кога беа воспоставени нашите дипломатските односи. Нѐ врзува заедничка историја, почитување и искрена симпатија, а дополнителен мост на пријателството се македонското малцинство во Хрватска и Хрватите во вашата татковина, истакна претседателот на  Саборот на  Хрватска Гордан Јандроковиќ во обраќање во македонското Собрание.

Посочи дека имаме соработка во сообраќајот, прехранбената и хемиската индустрија, енергетиката и во ИКТ-секторот, како и во туризмот, при што спомна дека над 50 000 македонски туристи лани ја посетиле Хрватска и тој број, рече, постојано расте. Тоа што македонски граѓани одат на работа во Хрватска, како што рече, ја покажува позитивната економска размена.

Скопје - Не може да се разговара за мир во Украина без учество на Украинците бидејќи тоа ја доведува во опасност нивната сувереност и територијален интегритет. Тоа би било силен удар врз меѓународното право и врз светот којшто го градиме од Втората светска војна наваму - истакна претседателот на Саборот на Хрватска,  Гордан Јандроковиќ, во обраќање пред пратениците во македонското Собрание. 

Укажа дека светот глобално политички се менува, дека станува се поопасен и на удар се, рече, вредностите, а во контекст на новите околности со војната во Украина, истакна дека „овие денови и над  ЕУ и над НАТО  се надвиснуваат сиви облаци“ и оти „можеби од почетокот на нивното основање, ова е најголемата пресвртница за двете организации“.

Скопје - Министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска денеска изјави дека за неа веќе е затворено прашањето поврзано со дебатата со Славјанка Петровска од СДСМ на седницата за пратенички прашања, посочувајќи дека за многу скоро на сите ќе им биде јасно зошто се случуваа сите тие работи. Повтори дека кога би погрешила би се извинила. 

-Жалам што имаше таков дефокус во однос на тоа што јас го кажав од говорницата и како беше интерпретирано. Мислам дека неколку пати повикав на тоа луѓето да ја ислушаат целата комуникација во Собрание и самите да носат заклучоци. Во однос на извинувањето мислам дека својот став го кажав, кога би погрешила би се извинила. Воопшто немало тенденциозност ниту некаква намера, рече Димитриеска - Кочоска.

Скопје - Со бројката од вкупно 682 издадени платни налози за сторени прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила биле заокружени вчерашните интензивни и плански активности на полициските службеници при МВР во делот на сообраќајните контроли на патиштата низ земјава.

Во рамки на посочената бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот, соопштија денеска од МВР, неправилно паркирање и возење со брзина поголема од дозволената, биле евидентирани 204, односно 136 прекршоци. Без возачка дозвола биле регистирани 68 возачи, потоа 63 учесници во сообраќајот беа санкционирани за некористење сигурносен појас, а 27 за користење на мобилен телефон при возење.

Куманово - Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски изврши увид во реконструкцијата на спортската сала, информираа денеска од Општината.

- Целта беше да констатирам дека процесот за целосна реконструкција на овој монументален спортски објект кој е во завршна фаза, се одвива беспрекорно. Според предвидената програма, работните активности во сите фази се одвиваа уредно и со утврдена динамика на работа, информираше Димитриевски.

Во иднина, како што најави, тој се планира партерно уредување на просторот околу спортската сала, поставување на систем за греење и ладење, како и оспособување на простории за клубови и стрелиште.

Дебар - Во Гимназијата „АТА“ во Центар Жупа тековнава учебна година, средното обрзование го завршуваат 20 ученици, што е за 6 повеќе споредено со минатата учебна година.

- Во нашата образовна институција имаме 20 матуранти од нив тројца на македонски наставен јазик, од нив еден е пријавен за државна и двајца за училишна матура. На турски наставен јазик се 17 од кои 15 се пријавени за полагање државна, додека двајца  за училишна матура. Минатата учебна година, во нашата гимназија,  средното образование го завршија 14 ученици, од нив само еден на македонски наставен јазик, изјави за МИА, Сабри Асан директор. 

Според Асан, првиот испит од матурата, мајчин јазик и литература ќе се полага на 31 мај.

Скопје - Општина Центар ги повикува сите здруженија и фондации кои работат на територијата на општината да се пријават за финансиска поддршка за 2025 година. Овие средства се наменети за поддршка на програмски активности кои придонесуваат за подобрување на локалната заедница, особено во областите на поддршка на млади, социјални услуги, животна средина, родова еднаквост и развој на микро бизниси.

Скопје - Деновиве во јавноста се појавија информации дека „парковски простор во срцето на Општина Аеродром е мета на градежни амбиции“. Како Општина ве уверуваме дека посочената парцела ќе остане парк со постојното парковско зеленило, без најмала можност некој да го бетонизира.Ние како Општина сме должни да ги заштитиме интересите на сите граѓани и затоа со внимание го следиме овој случај, како и наводните изјави од сопственикот на парцелата дека планира да го загради имотот. Ограда не може да биде поставена без одобрение за истата, а секое постапување спротивно на позитивните законски прописи ќе биде третирано како градба без одобрение, заради што е предвидена и кривична одговорност.

Штип – Општина Штип денеска  ќе го достави проектот до mинистерствата за култура и туризам и за локална самоуправа за реконструкција на Акрополот на тврдината „Исар“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска информираше дека проектот ќе се финансира преку вториот јавен повик за искористување на средства од унгарскиот заем.

-Децениски сон на штипјани, коишто досега се замислувале како некогаш изледала тврдината „Исар“, синонимот и симболот на градот Штип, конечно проектот којшто го добивме од страна на Музеј-Штип успеавме да обезбедиме финансирање преку Владата на Република Македонија, нешто повеќе од 1,6 милиони евра се средства предвидени за изградба на тврдината „Исар“, изјави Јорданов.

Загреб - Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и неговиот словенечки колега Роберт Голоб отпатуваа заедно со хрватскиот владин авион на денешниот самит на Европската Унија за Украина во Брисел, пренесе Индекс.

„Заедно со Роберт Голоб отпатувавме на вонредниот состанок на Европскиот совет, каде што ќе разговараме за долгорочната поддршка за Украина и европската одбрана“, објави Пленковиќ на социјалната мрежа Икс.

Тој нагласи дека Хрватска и Словенија продолжуваат да ги зајакнуваат своите пријателски односи и соработка во контекст на заедничките безбедносни предизвици.

Брисел - Денешниот Европски совет се одржува во многу важен момент за изградба на европската безбедност, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пред почетокот на денешниот специјален Самит на ЕУ посветен на поддршката на Украина и одбраната на Европа. 

- Како што знаете во изминативе месеци слушавме бура на идеи, но денеска сме тука да носиме одлуки и да испорачаме, рече Кошта придружуван од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Брисел - Европскиот суд на правдата изрече казни за пет земји поради неспроведување на регулативите за заштита на укажувачите (whistleblowers), кои пријавуваат злоупотреби и корупција.

Германија е казнета со 34 милиони евра, Чешка со 2,3 милиони, Унгарија со 1,75 милиони, а Естонија и Луксембург со по 500.000 евра.

Брисел - Полското претседателство со Советот на ЕУ се залага за укинување на практиката за промена на времето на зимско и летно сметање и за воспоставување на единствена временска зона во текот на целата година, изјави полскиот министер за развој Кжиштоф Пашик. 

Тој најави дека Полска презема конкретни чекори за укинување на ваквата практиката во текот на сегашното нејзино претседавање со ЕУ. 

Пашик уште лани во декември изјави дека измената на Директивата за менување на времето од 2018 година ќе биде една од целите на полското претседавање со ЕУ во првите чест месеци од оваа година. 

Анкара - Турција сака да биде дел од секоја нова европска безбедносна структура доколку НАТО се распадне, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во интервју за британскиот весник Фајненшл тајмс, објавено денеска.

- Постапките на американскиот претседател Доналд Трамп се сигнал за будење – да се обединиме и да создадеме сопствен центар на гравитација, рече Фидан, додавајќи дека Турција е подготвена да биде дел од нова безбедносна архитектура на Европа доколку НАТО престане да постои.

Вашингтон - Милијардерот Илон Маск, кој го советува претседателот Доналд Трамп за плановите за радикално намалување на американската влада, рече дека американската поштенска служба и националната компанија за патнички железници „Амтрак“ треба да се приватизираат. 

-Мислам дека логично треба да приватизираме се што може разумно да се приватизира, рече Маск на конференцијата на банката „Морган Стенли“. „Мислам дека треба да ги приватизираме поштата и „Амтрак“. Треба да приватизираме сè што можеме, додаде тој, прецизирајќи дека за такви акции ќе биде потребно одобрение од Конгресот.

Киев - Четири лица загинаа, а 31 се повредени во руски ракетен напад врз украинскиот град Криви Рих, кој се случи доцна синоќа. Спасувачките екипи утрово продолжија со потрагата по преживеани под урнатините.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека нападот погодил хотел во кој неодамна се сместиле хуманитарни работници од Украина, САД и Велика Британија.

Варшава - Украина и Полска договорија акциски план за итни и долгорочни одбранбени проекти, соопшти украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров, на заедничка прес-конференција со полскиот министер Владислав Косинјак-Камиш, одржана денеска во Варшава.

Полска останува еден од главните логистички центри за испорака на воена помош за Украина, а новиот договор предвидува засилување на противвоздушната одбрана и заеднички развој на воени технологии.

Велингтон - Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс изјави дека го разрешил амбасадорот на земјата во Велика Британија поради критичките коментари дадени за американскиот претседател Доналд Трамп.

На форумот во Лондон, амбасадорот на Нов Зеланд, Фил Гоф даде коментари кои се чини дека го доведуваат во прашање разбирањето на Трамп за историјата, мислејќи на споредбата со постапките на британскиот воен премиер Винстон Черчил, кој се спротивстави на нацистичка Германија.

Токио - Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба изјави дека високите царини наметнати од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе го отежнат инвестирањето во САД.

Ишиба ја истакна важноста да се артикулира како јапонските инвестиции имаат корист не само за Јапонија, туку и придонесуваат за создавање работни места и економска експанзија во САД.

Тагови

Остани поврзан