
3 февруари 2023
Скопје - На територијата на Република Северна Македонија вчера се санкционирани 249 возачи поради управување возило со брзина поголема од дозволената.
Од нив четири возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 161 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 88 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.
Скопје - Во СВР Скопје денеска околу 11:40 часот е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.
- Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од МВР.
Од нив четири возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 161 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 88 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.
Од страна на полициски службеници, информираа денеска од МВР, веднаш се преземени мерки, лицето е пронајдено, со него е извршен службен разговор и преземени се сите потребни активности.
Авторот на Монографијата, м-р Милчо Јованоски, истакна дека одбележувањето 70 години траење, издигнување и работа во континуитет на една библиотека е јубилеј што заслужува респект, почит и внимание.
Охрид - Со низа и свечености и културни манифестации Охрид деновиве ќе ја одбележи 130-годишнината од смртта на великиот поет и преродбеник, Григор Прличев.
Чествувањата по повод годишнината од упокојувањето на Прличев почнуваат денеска, со промоцијата на книгата „70 години библиотека „Григор Прличев“- Охрид“ на авторот Милчо Јованоски.
- Во соработка со Општина Кавадарци одржавме теренска настава или практична настава на учениците од СОЗШУ „Ѓорче Петров“, покрај теоретската настава. За општо добро на градот, ние како институција во соработка со претставници од Општината, засадивме контејнерски садници од црн бор, обезбедени од нашиот расадник во училиштето, појасни за МИА, дипломираниот шумарски инженер Горан Сакалиев, професор по стручни предмети во областа на шумарството.